Search

Хајко Мас ја осуди Венецуела за протерувањето на германскиот амбасадор

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја осуди одлуката на Венецуела за протерување на германскиот амбасадор од Каракас, оценувајќи дека ова само ја отежнува ситуацијата.

– Се работи за неразбирлива одлука што ја влошува ситуацијата и не придонесува за смирување на тензиите, рече Мас.

Венецуелското Министерство за надворешни работи вчера објави дека германскиот амбасадор во Венецуела Даниел Мартин Кринер е прогласен за непожелна личност (персона нон грата) и беше побарано да ја напушти земјата во рок од 48 часа.

„Венецуела смета дека е неприфатливо странски дипломат во нашата држава да врши јавна улога јасно усогласена со конспиративната агенда на екстремистичките делови во венецуелската опозиција”, се вели во соопштението на Владата на Венецуела.

Кринер, заедно со повеќе од десет амбасадори, беше на меѓународниот аеродром во Каракас во понеделникот, каде што беше поздравен лидерот на опозицијата и самопрогласениот привремен претседател на Венецуела Хуан Гуаидо

Треба да знаете
Последни објави