Search

МТСП: Исплатени социјалната помош и детскиот додаток за февруари

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека вчера е извршена исплата на правата од социјална и од детска заштита за февруари 2019 година.

Права од социјална заштита:
• Социјална парична помош
• Паричен надоместок за помош и нега од друго лице (туѓа нега)
• Цивилна инвалиднина
• Мобилност и слепило
• Постојана парична помош
• Еднократна парична помош
• Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без родители и родителска грижа
• Сместување во згрижувачко семејство
• Парична помош за студирање
• Парична помош за згрижувач
• Социјално домување
• Азиланти домување
• Социјална парична помош за азиланти
• Субвенции за електрична енергија

Права од детска заштита:

• Детски додаток
• Еднократна парична помош за новороденче
• Родителски додаток за трето дете
• Родителски додаток за четврто дете
• Единствен родителски додаток
• Посебен додаток-за месец 3/2019 година.

Треба да знаете
Последни објави