Search

Запалени автомобили и молотови коктели на 4-та ноќ на антиполициско насилство во Гренобл

Демонстрантите палеа автомобили и фрлаа молотови коктели од покривите на четврттата последователна ноќ на немири во францускиот град Гренобл предизвикани од смртта на двајца тинејџери во полициска потера, пренесува РТ.

Снимките од немирите ги покажуваат возилата во пламен откако биле превртени и запалени од демонстрантите, по што на местото на настанот биле распоредени пожарникари и полиција која се обидуваше да ги смири насилствата со употреба на солзавец.

Насилството, претежно фокусирано во областа Мистрал, е предизвикано од смртта на две момчиња на возраст од 17 и 19 години кои загинале за време на полициската потера во саботата, во текот на која се судриле со автобус додека возееле украден скутер. Демонстрантите ја обвинија полицијата за нивната смрт.

Во текот на немирите биле изгорени најмалку 65 возила. За разлика од насилните инциденти, околу 2.000 луѓе присуствуваа на мирен марш во спомен на двајцата тинејџери кои починаа во полициската потера.

Треба да знаете
Последни објави