Search

Кривична за лице кое нападна полициски службеници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Радожда, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 31.01.2018 на крајбрежјето на Охридското езеро, во правец кон село Радожда, пријавениот упатувал закани по животот кон инспектори по риболов од Државниот инспекторат за земјоделство, кои вршеле службени активности. Исто така, фрлил дрво кон нив и повредил еден инспектор.

Треба да знаете
Последни објави