Search

Зошто баба Јела има 150.000 претплатници на својот Јутјуб канал и 50 милиони прегледи

Србите кои бараат идеи се повеќе се свртуваат кон хитот на Балканот, ,„шеф“ Баба Јела, која добро го искористила своето животно искуство почна онлајн туторијал за готвење.
Нејзиното вистинско име е Јелена Петровиќ, а нејзиниот канал на Јутјуб и блогот наречен Бабина кујна имаат над 50 милиони прегледи и речиси 150.000 претплатници кои секојдневно се пријавуваат за нов рецепт за домашна храна.
Со помош на нејзиниот сопруг Милан, кој стои зад камерата и купува намирници, Баба Јела стана локална ѕвезда и интернет сензација, освојувајќи награда минатата година.

“Се што ви треба е љубовта, волјата и желбата да направите нешто. Се може да се направи само ако навистина сакате да го направите тоа, изјави Петровиќ за Асошиетед прес во едно интервју. “”.

Се започна пред една деценија кога Петровиќ започна интернет-форум за споделување на своите рецепти за домашни јадења: од супи до готвени јадења, месо, слатки, домашен леб или тестенини.
Полека на почетокот, но листата на следбеници растеше и Петровиќ започна блог и почна да објавува видеа, првично направени со својот мобилен телефон, а од неодамна со пософистицирана камера. Попатно, таа стана вистински онлајнексперт.

“На почетокот воопшто не знаев како да го користам компјутерскиот глушец. Но „гуглав“многу и прочитав стотици упатства”, вели Јела.
Сега каналот и е целодневна преокупација. По утринскиот чај, двојката се „пушта“ на работа- од посета на продавниците и купување намирници, па снимање, уредување и објавување, објаснува таа.

“Тоа е исцрпувачко, од рано наутро до доцна вечер”, рече Петровиќ, објаснувајќи дека грешки се можни како во секој филм.
Но, додаде таа, “моите гледачи чекаат нов рецепт секое утро. Ако задоцнам, тие ме прашуваат дали сум добра и што се случува”.

Петровиќ рече дека ги подготвува јадењата во сопствената кујна, од локална храна што може да се најде во продавниците и пазарите во Србија и на начинот на кој генерациите го правиле пред неа.
Често, гледачите пишуваат дека рецептите ги враќаат топлите спомени од детството.

“Моите рецепти се сите локални, традиционални рецепти за домашна храна. Јас ги правам работите што ги правела мојата мајка или баба, вели Петровиќ.

Таа објаснува дека дел од храната им ја дава на соседите и на пријателите, но ги пакувам слатките за внуците.

Треба да знаете
Последни објави