Search

САД ги продолжија санкциите за Русија

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги продолжи за уште една година санкциите за Русија кои беа воведени поради кризата во Украина.

„Акциите и политиките на Русија и понатаму претставуваат невообичаена и голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се наведува во соопштението на Трамп.

Санкциите кон Русија се воведени поради кризата во Украина и опфаќаат руски поединци, меѓу кои и бизнисмени, како и компании и лидери на украинските региони Доњецк и Луганск.

Треба да знаете
Последни објави