Search

Мерката за дополнителнa субвенција од 3 денари за производителите на јаболка се продолжува

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Ресен имаше работен состанок со производителите на јаболка. На средбата министерот Николовски, им соопшти на производителите на јаболка дека мерката за дополнителна субвенција од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува и ќе важи до 30 јуни 2019 година. Ова продолжување на времетраењето на мерката е по барање на производителите на јаболка.

Износот на мерката е дополнителни 3 денари за индустриско јаболко предадено кај регистрирани откупувачи вклучително и за јаболко кое се извезува. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

МЗШВ оваа дополнителна мерка ја воведе минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени 45 илјади килограми јаболко,што е 2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година ќе дојдат кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.

МЗШВ претходно ги прифати и другите две барања на производителите на јаболка, односно основната субвенциија за одржување на овошни насади ќе биде исплатена до 25 март, а дополнителната поддршка од 3 денари ќе биде исплатена до 30 јуни.

Треба да знаете
Последни објави