Влези не се соблакај – 25 години брак Весна Петрушевска и МНТ

Актерката Весна Петрушевска на 13 март ќе го слави јубилејот кој таа го нарекува “25 години во брак со Македонскиот народен театар” со премиерата на претставата “Влези, не се соблакај“.

За претставата Петрушевска вели дека ќе ја насмее и ќе ја расплаче публиката, но и дека ќе ја испрати со љубов.

“Да не беше автомобилот многу мистерии немаше да бидат решени, почнувајќи од пловниот аспецт, па преку главната мистерија дека навистина сум влегла и сум излегла од него. Се ќе се знае на 13 март”, вели Весна Бејби мама Петрушевска која вели дека во стендап шоуто ќе раскаже многу детали од својот живот.

Петрушевска глумеше во голем број македонски театарски претстави: “Кој се плаши од Вирџинија Вулф”, “Вагинални монолози”, но најпозната е нејзината улога во “Госпоѓа Министерка”, која е изведена над 150 пати. Во моментов на сцената на МНТ таа е актуелна со претставата “Брачна игра”.

Треба да знаете
Последни објави