Search

Абас и Махди за решавање на палестинското прашање

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа се состана со ирачкиот премиер Адил Абдел Махди во Багдад, каде што двајцата челници разговараа за најновите случувања во решавањето на палестинското прашање, особено по кршењето на правилата од страна на Израел во Ерусалим и светите муслимански и христијански места, вклучувајќи ја и џамијата Ал Акса.

Претседателот Абас го информираше Махди за најновите политички случувања во решавањето на палестинското прашање, особено за израелските акции во светите места на муслиманската и христијанската религија и за истрајноста на палестинскиот народ во Ерусалим во одбраната на џамијата Ал Акса и против систематските прекршувања на Израел и обидите за измена на културниот и историскиот карактер на Ерусалим.

Абас го известил премиерот Махди за, како што пишуваат палестински медиуми, криминалната практика на израелските окупаторски сили против палестинскиот народ, меѓу кои е израелското запленување на 138 милиони долари даночни приходи собрани во име на палестинската власт врз основа на Договорот од Осло.

Ирачкиот претседател Бархам Салех, за време на неговиот состанок со Абас, потврди дека палестинското прашање останува централна тема на неговата политика и „ќе продолжи да ги брани правата на палестинскиот народ”.

Абас е вториот арапски лидер, по јорданскиот крал, кој го посети Ирак по минатогодишните парламентарни избори.

Треба да знаете
Последни објави