Search

Вулин: Харадинај се обидува да испровоцира судир со Србите

Изјавата на премиерот на привремените косовски институции дека таканаречената војска на Косово би можела да влезе на северот на Косово и Метохија претставува закана за мирот за целиот регион, изјавил спрскиот министер за одбрана, Александар Вулин.

Тој во изјава за РТС порачал дека војската на Србија е сигурна, силна и способна да го сочува мирот и стабилноста на територија на целата држава.

Вулинл оцени дека Рамуш Харадинај се обидува да испровоцира судир со Србите за Албанците да испаднат жртви и повторно да ја повикаат меѓународната заедница да застане на нивна страна.

„А тогаш туѓи деца од други европски земји ќе гинат за целите на Рамуш Харадинај. Верувам дека никогаш повеќе нема да помислиме дека 2019 е исто што и 1999 година“, рекол Вулин.

Тој ја отфрлил можноста дека евентуален упад на ткн. косовска војска на северот на КиМ би успеал.

Треба да знаете
Последни објави