Search

Ципрас: Ќе бидам првиот грчки премиер кој ќе го посети Скопје

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека во текот на следните месеци ќе допатува во официјална посета на нашата земја.

„Ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје“, најави Ципрас на Економскиот форум во Делфи, Грција.

Во својот говор, Ципрас рече дека неговата влада и онаа на Зоран Заев се соочиле со историска можност и дека за првпат од двете страни на границата имало две влади кои биле решени да ја искористат оваа можност.

„За да разговараат, да се консултираат, да преговараат тешко, но искрено и духовно, и се разбира најважно, со најголема почит кон историјата“, рече Ципрас.

Тој, исто така, го опиша Преспанскиот договор како историски печат не само во двете земји, туку и во Балканот како целина, бидејќи ова е првпат во билатерално прашање национализмот да е поразен.

Ципрас истакна дека „денес Грција и Северна Македонија се двајца соседи кои вложуваат во пријателството, соработката и солидарноста и соседи кои поставија пример не само на Балканот и Европа, туку и во светот“.

Треба да знаете
Последни објави