Search

„Неверленд“ ранчот на Мајкл Џексон повторно на продажба

Имотот на починатиот американски пејач Мајкл Џексон, „Неверленд Ранч“ во Калифорнија повторно е на продажба по цена од 31 милион долари, што е многу помалку од претходните 100 милиони долари, колку што се продаваше пред четири години. Падот на цената се должи на последните обвинувања против пејачот дека злоставувал деца на ранчот.

Имотот има околу илјада хектари во близина на Лос Оливос, се состои од главна зграда со шест спални соби и три куќи за гости, езеро со водопади, тениски терен, штала и други згради за сместување на животни.

Значајно пониската цена е делумно последица на сушата во тоа подрачје, на што влијаеја на пазарот на недвижнини, вели агентот Кајл Форсајт, кој го огласи имотот на продажба.

Треба да знаете
Последни објави