Ким Џонг-ун се сретна со виетнамскиот претседател

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се сретна со виетнамскиот претседател Нгујен Фу Тронг во Ханој, еден ден по пропаднатиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп за денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Ким стигна во претседателската палата, каде што размени прегратки со Тронг, кој е главен секретар на владејачката виетнамска Комунистичка партија. Блех-оркестар ја свирел севернокорејската химна додека деца ги виореле знамињата на двете земји.

Ова е прв официјален пречек за севернокорејскиот лидер со кого досега странските претставници неформално се среќавале во Кина или Сингапур, двете земји што ги посетил досега во својот доживотен мандат.

Ким допатува во Ханој во вторникот на дводневен самит со Трамп, но самитот неочекувано беше прекинат вчера, а заедничкиот ручек на двајцата лидери беше откажан.

Треба да знаете
Последни објави