Search

Персоналот во Европската агенција за еднаквост не бил третиран еднакво

Судот во Литванија пресуди дека Европскиот институт за родова рамноправност (ЕИГЕ) не го спроведувал законот на ЕУ за еднаков третман на привремениот персонал.

Адвокатот Ритис Руџинскас, кој ги бранеше петте поранешни вработени во агенцијата од Вилнус, изјави за „Еуроњус“ дека платите на неговите клиенти биле трипати пониски од редовните вработени, иако тие работеле за ЕИГЕ повеќе од три години.

Судот соопшти дека привремениот персонал треба да добие еднаква плата за еднаква работа и наредил секој од петте поранешни вработени да добие 4 000 евра како компензација за дискриминацијата.

Сумата треба да ја исплати агенцијата за вработување преку која бил ангажиран персоналот, но ЕИГЕ ќе биде одговорна за штети ако истата не го стори тоа.

Парадоксот, рече Руџинскас, е дека пресудата е заснована на легислативата на ЕУ која е дел од литванскиот закон – Директивата на ЕУ за привремена работа на агенциите која им гарантира на оние кои работат преку агенциите за вработување еднакви плати и услови со постојаните вработените кои ја вршат истата работа.

Од ЕИГЕ изјавија дека толкувањето на директивата претставува значаен предизвик за агенциите на ЕУ со седишта во различни земји.

Треба да знаете
Последни објави