Search

Од запалена сува трева во Волково изгрела ограда и соседна куќа

Во пожар од запалена сува трева на нива вчера во село Волково, Скопско изгорела ограда, надворешен тоалет и две магацински простории од соседна куќа.

Според пријавеното во СВР Скопје, во село Волково вчера околу 11:45 часот непознат сторител запалил сува трева од нива која се простирала на површина од околу три декари. Огнот се проширил и зафатил ограда, надворешен тоалет и две магацински простории лоцирани во дворното место од куќата сопственост на А.М. (1969) од Скопје, како и парцела која била заградена со ограда.

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарната заштита Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави