Search

Штаермеркише Шпаракасе ја купи Охридска банка

До 2020 година Шпаракасе банка и Охридска банка ќе се спојат и ќе функционираат како една банка, која по спојувањето ќе стане четврта по големина банка во земјава, изјавија попладнево од менаџментот на Штаермеркише Шпаркасе.

Австриската банка утрово објави дека постигнале договор со Сосиете женерал за купување мнозиниски удел во Охридска банка. Штаермеркише Шпараксе со тој договор треба да откупи 74 отсто од Охридска банка, удел кој до сега го поседуваше Сосиете женерал. Овој пакет, според директорите, вреди околу 52 милиони евра. Останатите акции може да бидат превземени ако на продажба се одлучат и други акционери на Охридска банка.

Инаку Штаермеркише Шпаркасе оперира на пазарот во Македонија десетина година откако ја купи Инвест банка. Откако ќе се реализира купопродажниот договор и ќе помине трансакцијата, ќе следи процес на спојување.

По спојувањето двете банки ќе бидат една и ќе имаат пазарен удел од околу 12 до 14 отсто во зависност од сегментот или ќе биде четврта банка по големина. Спојувањето треба да заврши до 2020 година.

“Бројот на вработени е чувствително прашање, секако потребна е оптимизација, но верувам дека ќе имаме раст, а по историската одлука во Македонија околу името очекувам раст и во сите сегменти. Ние се гледаме како долготрајни инвеститори, рече Георг Бухер, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе.

 

Треба да знаете
Последни објави