Search

Македонија најнездрава нација во регионот

Македонија е меѓу најнездравите нации во Европа и најслабо рангирано од останатите во регионот на листата на најздрави нации во светот, покажува најновиот извештај на Блумберг. „Блумберг индекс” е анализа која оваа финансиска, софтверска и медиумска компанија ја прави врз основа на податоците на Светската здравствена организација за 169 држави.

Интересно е што Македонија во однос на претходиот извештај од 2017 назадувала за дури 12 места, па од 44 паднала на 56 место. Пред нас се Словенија (24), Грција(26), Хрватска (31), Црна Гора (41), БиХ (42), Албанија(43), Турција(51) и Србија (55).

„Блумберг индекс” ги оценува нациите врз основа на неколку фактори, вклучувајќи го очекуваниот животен век, квалитетот на здравствените услуги, пристапот до чиста вода и канализација, а државите каде што живеат голем број пушачи и дебели луѓе добиваат пониски оценки.

Според извештајот, Шпанија ја престигна Италија на листата на најздравите нации во светот. Меѓу првите десет се уште четири европски земји- Исланд на третото место, Швајцарија на петтото, Шведска на шестото и Норвешка на деветтото место. Најздрава азиска нација се Јапонците, кои сега се на четвртата позиција, или три места подобро од листата објавена во 2017 година. На седмото место е Австралија, Сингпур е осми, а листата на десет најздрави нации завршува со Израел.

Шпанија има највисок животен век на новороденчињата меѓу земјите на ЕУ, а пред нив на глобално ниво во светот се наоѓаат Јапонија и Швајцарија. Се предвидува дека до 2040 година Шпанија ќе има животен век од речиси 86 години, по што следуваат Јапонија, Сингапур и Швајцарија, според Институтот за здравје и безбедност на Универзитетот во Вашингтон.
Интересно е тоа што Куба е на 30 позиција, пет места над САД, и е единствената нација која не припаѓа на богатите држави која е рангирана толку високо. Една од причините за успехот на островската нација може да биде нејзиниот акцент на превентивната грижа, за разлика од американскиот фокус на дијагностицирање и лекување на болести.

Треба да знаете
Последни објави