Search

Тунелите кај Демир Капија без струја

АМСМ информира дека од 9:30 до 10 часот ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија во тунелите кај Демир Капија на автопатот, поради изведување на електричарски работи од ЕВН.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.

Треба да знаете
Последни објави