Search

Трајковска: Речиси и да нема маало во Центар, а да не е погодено од тотален мрак, Богдановиќ не враќа во 19 век

Наместо да донесе светлина и живот за сите, градоначалникот Саша Богдановиќ не враќа на почетокот на 19-от век. Повеќе од една година без осветлување се јавните површини, паркинзи и улици, низ целата општина, обвини Анета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси и да не постои маало на територијата на општината кое не е погодено од тотален мрак. Улиците 369, 364, 365, делот околу Музејот на современата уметност, просторот околу улицата „Стив Наумов“, ул. „Алберт Ајнштајн“, паркингот кај Зелен Пазар и многу други се само дел од мрачната слика. Со ваквиот неодговорен однос на градоначалникот жителите на најбогатата општина секојдневно мора да живеат во страв за себе и за своите најблиски“ истакна Трајковска.

Таа потенцира дека потврда на тоа е билтенот на МВР, каде е забележан пораст на уличниот криминал и нарушување на јавниот ред и мир за неверојатни 65% во споредба со декември минатата година.

„Јавно го прашуваме градоначалникот дали и кога планира да ги осветли маалските улици, паркинзи и слободни простори? Ќе овозможи ли слободно и без страв жителите спокојно и безбедно да стигнат до своите домови.

Наместо да се фокусира на партиски вработувања на партиски кадри во општината и во ПОЦ, време е да се насочи на поважни работи во општината, а администрацијата наместо да пие и да се забавува во текот на работно време треба да се погрижи за реалните проблеми на граѓаните на општината“ додаде Трајковска.

Треба да знаете
Последни објави