Русија е подготвена да посредува во кризата во Венецуела

Русија е подготвена да ја даде сета можна помош во потрагата по компромис меѓу конфликтните политички сили на Венецуела, изјави вчера рускиот претставник на ОН, Василиј Небензја, во Советот за безбедност на ОН, пренесува ТАСС.

Ние сме подготвени да помогнеме во потрагата по взаемно разбирање меѓу сите конструктивни и патриотски настроени сили во Венецуела”, рече тој.

Рускиот дипломат, исто така, предупреди за военото сценарио, велејќи дека тоа ќе повлече сериозни последици за регионот.

Небензја побара од сите земји во регионот цврсто да ја искажат својата поддршка за Повелбата на ОН, да ги отфрлат заканите за употреба на сила, употребата на сила и флагрантното мешање во внатрешните работи на суверена држава.

Тој, исто така, рече дека Русија подготвила нацрт-изјава до Советот за безбедност за Венецуела, слична на онаа усвоена за Хаити по американска иницијатива.

На 21 февруари, делегацијата на САД излезе со нацрт-изјава во Советот за безбедност на ОН за настаните во Хаити, која доби едногласна поддршка од сите членови на СБ на ОН”, рече Небензја, обраќајќи му се на специјалниот претставник на САД за Венецуела, Елиот Абрамс.

Дали нашите колеги од САД се подготвени да усвојат сличен текст во врска со Венецуела во форма на изјава од претседателот на Советот за безбедност на ОН? Тешко е да не се забележи дека текстот се однесува на речиси идентична ситуација. Единствената разлика е што во случајот на Хаити, Вашингтон одлучи да ја поддржи легитимната влада, барем засега”, додаде рускиот дипломат.

Треба да знаете
Последни објави