Search

Путин: Русија ќе продолжи да ја засилува војската

Русија ќе продолжи да ги засилува својата војска и морнарицата, што е неопходно за да се обезбеди безбедноста на земјата и суверенитетот и заштитата на националните интереси, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.

Тој ова го кажа на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на силите за специјални операции, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

„Ќе продолжиме со постојаната работа на зајакнување и развој на војската и морнарицата. Веќе споменав дека нашите чекори во оваа област се чисто одбранбени и дека целта им е да ја обезбедат безбедноста на Русија, да го заштитат суверенитетот и националните интереси“, изјави Путин.

Тој истакна дека искуството на руските специјални сили ќе биде земено в предвид за време на одржувањето на воените вежби.

Треба да знаете
Последни објави