Search

Ова е „нај-геј“ градот на светот!

Градот Вилтон Менорс сместен во јужна Флорида може да се пофали со тоа што 100% од членовите на градската управа се припадници на ЛГБТ заедницата.

Овој град во 2010-та година бил вториот град во Соединетите Американски Држави со најмногу геј лица. Знамето на ЛГБТ заедницата, односно боите на виножитото се веат над зградата на општината, а полицајците се возат во автомобили обоени исто така во боите на виножитото.

Девет години после „признанијата“, ова е вториот град во САД, после Палм Спрингс во Калифорнија, чија што цела градска управа ја сочинуваат геј членови. Избраната градска власт се состои од непристрасна комисија која ја сочинуваат – градоначалникот Џастин Флипен, заменик градоначалникот Том Грин и советниците Гери Ресник, Џули Карсон и Пол Роли.

Џастин Флипен кој претходно бил заменик градоначалник изјави дека исто така сака да ги заштити и традиционалните семејни квартови, а меѓу другото најави дека ќе се бори и против плимата и поплавите кои што ѝ нанесуваат големи штети на Јужна Флорида.

Покрај тоа што локалната градска управа се грижи за почитување на сите права на геј заедницата, сепак меѓу приоритетите е зголемување на инфраструктурата за вода и канализација и задржување на градот над нивото на морето.

Флипен за американските медиуми изјави дека градската комисија е како и сите други локални власти во земјата и сака само да овозможи прогресивни програми за сите жители во Вилтон Манорс.

Треба да знаете
Последни објави