Search

Облачно и ветровито со температура до 12 степени

Денеска ќе преовладува променливо облачно време и ќе дува повремено засилен северен ветер најизразен на северот и западот. Претежно во северните делови ќе има појава на слаб локален дожд на пониските места, а на планините локално ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ветровито со услови за појава на слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Утре и во петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во петок во поголемиот дел од земјава максималните температури ќе бидат во интервал од 15 до 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Треба да знаете
Последни објави