Нетанјаху денес ќе разговара со Путин во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе оствари средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Москва, на која ќе се разговара за широк спектар билатерални и блискоисточни прашања, пренесува „Спутник“.

Посетата првично беше закажана за 21 февруари, но беше одложена на барање на израелската страна. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави здека двајцата лидери, пред се, ќе разговараат за решавање на сирискиот конфликт.

Страните планираат да разговараат за итни прашања од билатералната соработка, пред се во трговската, економската и хуманитарната сфера, и ќе разменат ставови за актуелната ситуација на Блискиот Исток, вклучувајќи ги проблемите на палестинско-израелскиот судир и ситуацијата во Сирија” соопшти Кремљ во изјавата од вторникот.

Претходно во февруари, Нетанјаху рече дека тој имал намера да разговара со рускиот претседател и за военото присуство на Иран во Сирија како и за зајакнување на координативниот механизам со цел да се спречи судирот меѓу израелската и руската војска.

Ова ќе биде прва посета на Нетанјаху во Москва по фаталниот пад на рускиот авион Ил-20 во Сирија во септември 2018 година.

Односите меѓу Москва и Тел Авив беа ставени на тест по фаталниот пад на рускиот авион кој беше соборен на 17 септември со ракета од сирискиот систем за противвоздушна одбрана, насочена кон израелските авиони Ф-16 кои вршеле воздушни напади во сириската провинција Латакија. Во инцидентот загинаа 15 руски војници.

Руското Министерство за одбрана за несреќата ги обвини израелските воздухопловни сили, тврдејќи дека израелските авиони ги користеле руски авиони како штит за да се заштитат од сириските системи за воздушна одбрана.

Треба да знаете
Последни објави