Search

Најчевска: Можеби следниот пат наместо боја ќе треба да истураме кофи со лајна врз политичарите

Професорката Мирјана Најчевска, која вчера доби решение од МВР да плати казна од 200 евра поради фрлање боја врз државните институции за време на Шарена револуција, денеска порача дека нејзината борба не е завршена.

,,Излегов на улица затоа што не можев да најдам веќе друг начи на кој ќе се спротиставам на самовластието на една политичка гарнитура. Ги подучував граѓаните дека заслужуваат подобро…
Шарената револуција влезе во учебниците во светот со својата посебност и поинаквост…
И ете, доаѓа казна. За шарањето. Не е проблемот да платам 50, 100, 200 евра.
Проблемот е многу суштински и страшен. Проблемот е што актуелната власт со овој чин испраќа порака дека воопшто не ја разбрала симболиката… Можеби идниот пат кога ќе излеземе на улица наместо да фрламе боја на институциите ќе биде подобро да истуриме кофи со лајна врз нив самите. Врз политичарите. Можеби тоа ќе го разберат. Можеби тоа е повеќе на нивото кое им е блиско и препознатливо, пишува Најчевска.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215080797748190&set=a.1114611900345&type=3

Треба да знаете
Последни објави