Search

Науката тврди: Бебињата кои личат на татковците се поздрави од другите

Истражување на Универзитетот во Бингамтон покажува дека децата кои личат на татковците се поздрави од останатите. Силната сличност меѓу детето и таткото е во блиска врска со здравјето на детето, а причината за ова е многу интересна.

 

Мајката природа има необична смисла за хумор, инаку зошто после девет месеци бременост, силни физички промени и емотивна напнатост, бебето кое е создадено во вас на крајот личи на таткото? Според старите кажувања, причината зошто бебето повеќе личи на таткото е во тоа тој да не се посомнева во неговото татковство.

Но, што вели науката? Користејќи податоци од двегодишно истражување на 715 семејства, истражувачите откриле дека сличноста со таткото по раѓањето го подобрува здравјето на детето и тоа затоа што таткото вложува во него.

Во просек, татковците минуваат 2,5 дена повеќе во месецот со дете кое личи на нив. Според извештаите на поголем број доктори и болници, децата кои личат на татковците се поздрави по една година за разлика од децата чија сличност не е толку евидентна. Сето ова значи дека за бебето, квалитетно минато време значи здравје.

Истото го докажува и извештај од Јужна Африка. Студијата е објавена во 2018 година и покажува дека улогата на таткото, без разлика дали живее со детето или не, е позитивна. Истражувањето покажува дека е клучна врската меѓу таткото и детето особено во првите 1.000 дена од животот на бебето. Здравјето на родителите и социјалните врски се подобруваат со учеството на таткото во негата на детето.

Без разлика дали постои силна физичка сличност или не, вклученоста на таткото во раснењето на детето е од клучна важност за здравјето на детето.

Треба да знаете
Последни објави