Search

Мигрантите од Источна Европа ја извлекоа Британија од рецесијата, сега ја напуштаат поради Брегзит

Иако Велика Британија отсекогаш се сметала како земја која има се под контрола, со се поблискиот Брегзит, оваа перцепција падна во вода. Според Гардијан, додека просечната плата во Европската унија се зголемува од месец во месец, во оваа островската земја ситуацијата е сосема поинаква.

Дека Велика Британија до неодамна беше омилена меѓу економските мигранти зборува податокот  дека по влезот на Полска во ЕУ бројот на Полјаците кои се преселиле во Велика Британија се искачи на речиси еден милион, а во 2013 година полскиот стана втор најчесто зборуван јазик на островот. Мигрантите од Источна Европа всушност ја извлекоа Велика Британија од рецесијата во 2008 година.

Но работниците од Источна Европа веќе не бегаат во Велика Британија, туку обратно. Минатата година земјата ја напуштиле дури 76.000 некогаш економски мигранти од земјите на Унијата, а се очекува дополнително зголемување на овие бројки.

– Од кога почна кампањата за Брегзит ќерка ми на училиште почнаа да ја нарекуваат курва, а мене ми порачаа да се изгубам од овде. Но не е само тоа причината зошто мислам да се вратам дома. Економската ситуација во Полска е многу подобра од пред 12 години кога дојдов во Велика Британија. Цените се зголемија за 30 до 40 проценти, но платите се зголеми многу повеќе, вели 51-годишниот инженер во енергетскиот сектор Maциеј Артур, кој работи во Нотингем повеќе од една деценија.

И навистина е така, покажувааат истражувањата. Платата во Полска од почетокот на финансиската криза е зголемена за 22 проценти. И други земји од Источна Европа, исто така, забележаа пораст на платите, а во тоа секако доминира Латвија со растот на платите во последните десет години од речиси 70 проценти. Следна е Бугарија со 57 отсто и Романија со 24 отсто.

Сепак, треба да се има во предвид дека платите и животниот стандард генерално во поголемиот дел од Источна Европа се уште заостануваат зад просекот на ЕУ. Дури и со толку голем пораст, Полска во 2053 година би можела да ја достигне просечна плата од еврозоната, просечната плата во Велика Британија во 2059. , а би и требале уште 60 години за да ја достигне највисоката просечната плата во ЕУ, германската.

Треба да знаете
Последни објави