Search

Колку треба да трае годишниот одмор за навистина да се одморите?

Кога планирате да заминете на годишен одмор, една од главните работи кои треба да ги одредите е времетраењето на одморот – дали ќе заминете на викенд, цела недела или можеби повеќе. Според научните истражувања, постои идеална должина на одморот која има максимален максимален ефект на вашата среќа и здравје.

 

Истражувачите од универзите во Нијмеген, Холандија се обидоа да ги проучат ефектите и влијанието на должината на одморот на здравјето и среќата, односно задоволството на човекот. Крајните сознанија ги доведоа до одговор дека сепак постои идеална должина на одморот.

Според научните истражувања, годишниот одмор треба да трае осум дена. Меѓутоа, постои интересна точка која се однесува на зачестеноста на одморите.

Во истражувањата учествуваа 54 учесници, кои имаа просечна старост од 42,5 години и сите од нив беа вработени. Ова истражување се фокусираше на подолг одмор, во распон од 15 до 34 дена, со просечен одмор од 23 дена. Научниците ги прегледуваа психолошките процеси кои се поврзани со долгото заминување од работното место и како учесниците во експериментот се чувствуваа за време и по одморот. Учесниците беа тестирани по однос на неколку фактори: здравствена состојба, замор, задоволство, расположение, напнатост и ниво на енергија.

РЕЗУЛТАТИ:

Преку експериментот беше покажано дека здравјето и благосостојбата брзо се зголемуваат во текот на одморот, а во осмиот ден се достигнува врвната точка. Меѓутоа, во рок од една недела по враќање на работното место, тие се враќаат на почетното ниво. Во заклучокот, авторите на истражувањето напишаа: „Здравјето и благосостојбата се подобруваат во текот на одморот, но позитивниот ефект е краткотраен“.

Во тој случај, колку долго треба да трае одморот?

Според авторите на истражувањето, заклучокот е дека должината на одморот не е толку важна колку зачестеноста на одморите. Ако сакате да извлечете максимум од вашиот одмор и навистина да се одморите, заминете на повеќе од осум дена и исполнете го времето со активности кои ве прават среќни и задоволни. Но, не заборавајте дека треба да одите на одмор што е можно почесто.

Треба да знаете
Последни објави