Search

Католичката црква ќе ја снема за 25 години, вели Дутерте

Во жестока и непристојна тирада, филипинслиот претседател Родриго Дутерте повторно ја нападна Римокатоличката црква, велејќи дека таа нема да преживее долго со сите контроверзии во кои се дави нејзиното свештенство, пренесува РТ.

Оваа Католичка црква ќе исчезне. За речиси 25 години, ќе исчезне. Ќе ја нема повеќе, луѓето ќе ја заборават”, рече Дутерте во понеделникот.

Говорејќи на јавен настан во главниот град Манила, Дутерте предупреди дека црквата ќе сја снема како резултат на низата случаи на сексуална злоупотреба и корупција во нејзините редови. Дутерте, кој тврди дека и самиот бил малтретиран од свештеник како тинејџер, постојано ја критикува црквата.

Луѓето нема да ги заборават однесувањата на католичкото свештенство. Кога ќе им се присака, тие кучкини синови трчаат по монахињите. Ако се геј, трчаат по младите момчиња. Кому му е потребна таква религија?”, рече тој.

Портпаролот на Дутерте, Салвадор Панело, подоцна ги разјасни неговите забелешки, велејќи дека претседателот зборувал за „одредени свештеници кои ги прекршиле своите завети” и не ја нападнал институцијата како целина.

Мислам дека тоа е здрава критика. Тоа ќе и помогне на Католичката црква да се прочисти и да се исчисти од оние што не заслужуваат да бидат во неа “, изјави Панело, додавајќи дека критиките на Дутерте се негово мислење.

Повеќе од 80 отсто од Филипинците се идентификуваат како римокатолици, а црквата останува влијателна во земјата. Католичките свештеници го налутија претседателот Дутерте откако зборуваа против неговата контроверзна борба против дрогата.

Треба да знаете
Последни објави