Search

За едно деноноќие откриени 11 нерегистрирани возила

Во текот на изминатиот ден (26.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои седум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, тројца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради непоседување пропишана зимска опрема, четворица поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 98 мандатни платни налози и 79 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

 

Треба да знаете
Последни објави