Search

Градоначалникот на Кисела Вода, Темелковски на работна средба со помошник офицерот за јавни работи во Амбасадата на САД, Бен Линџман

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски оствари работна средба со помошник офицерот за јавни работи во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, Бен Линџман. На состанокот Темелковски го информираше Линџман за работните активности и стекнатите искуства од неодамнешната посета на САД.

Градоначалникот Филип Темелковски во САД се сретна со сенаторите на Оклахома Кеј Флојд од Демократската партија и Роб Стандриџ од Републиканската партија. Сенаторите градоначалникот го запознаа со степенот на децентрализација, а му ја објаснија и соработката помеѓу Федералната Влада, Државниот Сенат, гувернерите и градоначалниците.

Темелковски престојуваше во САД со цел за пренесување на искуства во нашата држава кои ќе придонесат за подобар живот на граѓаните.

Оваа посета се реализираше во рамки на американската програма за размена, која се фокусира на надворешната политика, човековите права и актуелните американски социјални, политички и економски прашања. Во Амбасадата на САД на Темелковски му беше доделен сертификат за учество на истата.

Треба да знаете
Последни објави