Search

(Видео) Трамп со бројни пофалби за Ким на состанокот во Виетнам

Вториот самит на лидерите на Северна Кореја и САД, Ким Џонг-ун и Доналд Трампа започна денеска во Ханој.

Ким и Трамп се ракуваа пред знамињата на нивните земји во хотелот „Метропол“ во главниот град на Виетнам, објави агенцијата „Ројтерс“.

Како што беше најавено, состанокот „очи в очи“ траеше 20 минути, по што следи вечера каде што ќе присуствуваат и други членови на двете делегации.

-Сакам да кажам дека ми е чест што сум со Ким во Виетнам. Имавме многу успешен прв состанок и мислам дека оој ќе биде подеднакво успешн, ако не и поуспешна од тој од минатата година. Направивме голем напредок кој мислам дека е најголем во нашите односи“, рече американскиот претседатл.

Се обрати и лидерот на Северна Кореја: „Успеавме да минеме преку препреките и денес сме тука“, рече Ким.

„Како што реков многу пати, мислам дека вашата земја има неверојатен и неограничен економски потенцијал. Мислам дек како голем лидер ќе имате светла иднина со вашата земја и се радувам за тоа. Ние ќе помогнеме да се движите во тој правец“, рече Трамп.

По кратките изјави, американскиот претседател рече дека ќе се упатат на вечера, по која ќе се одржи конференција за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави