Search

(Видео) Двајца индиски воени пилоти заробени во Пакистан

Пакистанската армија денеска објави дека двајца индиски пилоти се заробени откако пакистанските воздухопловни сили го собориле нивниот авион на пакистанската страна од спорниот регион Кашмир.

Пакистанскиот портпарол, генерал-мајор Асиф Гафор, изјави дека еден од пилотите бил повреден и хоспитализиран во воена болница, додека другиот е во притвор, објави агенцијата АП.

Пакистанската војска претходно објави дека авион на индиското воздухопловство е соборен на пакистанската страна од линијата на поделба во Кашмир.

Гафор, исто така, рече дека индиските пилоти имаат „добар третман“, но не ја спомена можноста за нивно враќање во Индија.

Индиските медиуми јавија дека аеродромите во индискиот дел на Кашмир се затворени за цивилен сообраќај кратко откако во тој регион беше соборен индискиот авион.

Новинската агенција „Прес траст Индија“ објави дека овие аеродроми се наоѓаат во Сринагар, Џаму и Лех.

Треба да знаете
Последни објави