Search

„Вашингтон Пост”: Армијата на САД ја исклучила од Интернет руската „фабрика за тролови”

Американската армија лани во ноември за време на изборите за членови на Конгресот на САД ја исклучила од Интернет руската Агенција за интернет истражувања, позната како „фабрика за тролови”, јави „Вашингтон Пост”.

Повикувајќи се на повеќе официјални лица, весникот дознава дека тоа била првата акција на Кибер командата при Вооружените сили на САД (УСЦЦ), откако добила нови надлежности да дејствува против руските кибер закани.

Прекин на Интернетот во седиштето на руската Агенција од Санкт Петербург се случил на 6 ноември лани, на денот на гласање на изборите за Конгресот и траел 24 часа.

– Едноставно беа исклучени, изјавил еден од изворите на весникот.

Друг извор изјавил дека задача на Командата било „да ги изненади непријатно и да предизвика забуна и конфузија”.

– Се судираме со нови вредности, веќе не рабоиме по старо, додава тој.

„Вашингтон пост” наведува дека ова е прва таква реална активност на УСЦЦ во координација со разузнавачите од Агенцијата за национална безбедност (НСА) во рамките на новите надлежности одобрени од претседателот Доналд Трамп и Конгреост за борбата против руската „кибер замешаност” во изборите на САД.

Изворите изјавиле дека прекинот бил ефективен и дека вработените во „фабриката за тролови” постојано се жалеле до администраторите на провајдерот дека имале прекини со Интернет.

Претставници на УСЦЦ и НСА се откажаа од коментари.

За кибер напади против „руски оперативци” од американски служби први објави „Њујорк Тајмс” во октомври лани, кога тврдеше дека Американците ги информирале Русите оти нивните обиди да влијаат врз резултатите од изборите во САД се разобличени и дека се следи секој нивен чекор.

Најновиот извештај на „Вашингтон Пост” открива нови детали. Според преставници од Министерството за одбрана, американските оперативци користеле електронска пошта, прозорчиња што се испливуваат и дури лични пораки во социјалните мрежи, дека нивните имиња и онлајн адреси се познати и да престанат да се мешаат во внатрешните работите на други земји.

Весикот пишува дека вработените во агенцијата биле вознемирени од тие пораки и била спроведена внатрешна истрага да се дознае како Американците ги откриле имињата на вработените во „фабриката за тролови”.

Властите во САД лани во февруари го обвинија бизнесменот Евгениј Пригожин, таканречениот „готвач на Путин”, за вмешаност во претседателските избори во 2016 година.

Слични обвиненија беа подигнати и против руската Агенција, наводно финансирана од Пригожин, и против повеќе нејзини вработени.

Треба да знаете
Последни објави