Search

Сончево со температура до 14 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.

Треба да знаете
Последни објави