Search

Ким Џонг-ун избрка американски новинари од хотелот во Виетнам

Неколку минути откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пристигна на виетнамската граница, Министерството за надворешни работи на Виетнам соопшти дека хотелот „Мели Ханој“, во кој Ким го резервирал неговиот престој, нема да нагости стотина американски новинари, задолжени за следење на самитот.

За помалку од 24 часа од оваа информација, прес-центарот на Белата куќа бил преместен во заедничкиот простор наменет за сите новинари.

Првично се сметало дека се работи за сјаен потег во важната политичка шаховска партија, тоа што севернокрејскиот лидер резервирал во истиот хотел во кој за време на состанокот со Трамп ќе бидат сместени и американските новинари испратени од Белата куќа.

Јужнокорејските медиуми и експери ја поздравиле одважната и промислена стратегија, која на Ким ќе му овозможи да ѝ открие повеќе за себе на седмата американска сила.

„Изложувајќи го секој свој чекор пред американските медиуми и камери, Ким Џонг-ун можеби сака да испрати силна порака за тоа дека е одлучен во својата желба да ги подобри односите со САД“, рекол севернокорејски експерт од Институтот Сејонг, Чеонг Сеонг-чанг, пред пристигнувањето на Ким во Ханој.

Но кусо по пристигнувањето на Ким на виетнамската граница, било соопштено дека хотелот сепак нема да ги прими стотината американски новинари.

Треба да знаете
Последни објави