Јубилејна 50-та изведба на претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“

Вчеравечер на сцената во Театар Комедија се одигра јубилејната 50-та изведба на претставата „Првин ќе ме земеш, после ќе ме…“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а во продукција на приватниот театар Театар Провокација од Скопје.

За претставата се бараше карта повеќе. Актерите Роберт, Мирјана и Дарко имаа одлична изведба, на што публиката им возврати со грмогласни аплаузи и смеење до солзи, што укажува на тоа дека вистинско уживање имаше и на сцената и во публиката. Ова е една од ретките претстави во која има интеракција со публиката – таа одлучува во кој правец ќе се одвива претставата, така што секоја изведба е поинаква и неповторлива.

По претставата, гледачите беа поканети на заеднички коктел во фоајето на Театар Комедија, каде што свој настап имаа четворицата млади челисти Деки, Грета,Тео и Фјола, кои дополнително ја оплеменија оваа вечер. Публиката имаше можност да се запознае и да се подружи со актерската екипа.

Следната изведба е закажана за 17 март, на сцената на Театар Комедија.

Треба да знаете
Последни објави