Search

Турција повторно ја критикуваше Кина поради кршење на човековите права

Турција денеска повторно ја критикуваше Кина за начинот на кој го третира своето муслиманско малцинство и ја повика да прави разлика меѓу „терористи и обични луѓе”.

Во обраќањето во Советот на ОН за човекови права во Женева, турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Турција го признава „правото на Кина да се бори против тероризмот”, но ја повика да ја почитува слободата на вероисповед и зачувување на културниот идентитет на Ујгурите и други муслимани.

Турција, која има културолошки и верски врски со Ујгурите, е единствената муслиманска земја, која го критикуваше Пекинг поради односот кон верските малцинства.

Чавушоглу однесувањето на Кина кон Ујгурите го нарече „голема причина за срам на човештвото”.

Тој во својот говор го критикуваше и Израел, велејќи дека кршењето на човековите права на Палестинците достигнало „алармантно ниво”.

Во соопштението, кое на почетокот на февруари го објави турското Министерство за надворешни работи, беше наведено дека „повеќе не е тајна” дека Кина, врз основа на произволни обвиненија притворила повеќе од еден милион Ујгури во „концентрациони логори”.

Треба да знаете
Последни објави