Search

Пејачки од Србија приведени во кафеана во Гостивар

Три државјанки на Србија без легален престој во земјава биле откриени при полициска контрола вчера по полноќ, во кафеана во Гостивар,. Според полицијата, контролата била извршена во кафеана сопственост на Е.А.(53) каде биле откриени странските државјанки кои работеле како пејачки.

Од СВР Тетово информираат дека во угостителскиот објект на улицата ЈНА биле затекнати три српски и една државјанка на Република Северна Македонија.

Странските државјанки кои се на возраст од 24, 29 и 33 години се приведени во ПС Гостивар. По извршениот разговор во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, приведените се изведени пред судија за прекршоци на Основниот суд Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави