Search

Емиратите ќе отпишат долгови на граѓаните во вредност од 87 милиони евра

Фондот за порамнување на долговите во Обединетите Арапски Емирати објави планови за отпис на кредити во вредност од речиси 87 милиони евра.

„Оваа мерка има за цел да обезбеди пристоен животен стандард за сите граѓани на Емиратите, заедно со високо ниво на општествена стабилност“, рекол Џабер Мохамед Ганем ал Суваиди, претседател на Врховниот комитет на Фондот.

Според него, овој гест ќе го намали финансискиот товар за државјаните на ОАЕ. Мерката за отпис на долговите ќе опфати 3 300 луѓе.

Владата истовремено покрена кампања за подигнување на свеста за подобрување на финансиската писменост на граѓаните на ОАЕ, давајќи детали за ризикот од „живот на кредит“ и подучувајќи ги младите луѓе како да управуваат со своите финансии.

Треба да знаете
Последни објави