„Баделки“ имаа победнички викенд

Кадетките, сениорките и младинките на ЖКК „Бадел 1862″ имаа успешен викенд.

На третиот по ред турнир за кошаркарки под 14 години, во Кавадарци најмладите „баделки” забележаа две убедливи победи. Прво ја победија екипата на ЖКК „Вардар” со резултат 52-15, а потоа со голема разлика го надиграа и ЖКК „МЗТ”, со резултат 79:13. На досега одиграните три турнири баделовите кадетки се без пораз и се на прво место.

На домашен терен сениорската екипа на клубот од Кисела Вода го победи  ЖКК „Баскет Кам” од Македонска Каменица , со резултат 72:52. Со оваа победа „баделки” ја забележа 13 победа по ред во лигата. На натпреварот најмногу се истакнаа Сања Адамовска со постигнати 19 поени, Драгана Јоловиќ со 15 и Сандра Лазареска со 14. Заслужни за големата победа се и Катерина Поп Димитровски 10, Сара Петровска 6, Сара Максимовска 2, Наталија Секуловска 2 и Ева Атанасовска 2.

И младите „баделки” М18 во Кисела Вода забележаа голема победа против „Баскет Кам” со резултат 78-41, со што и се реваншираа на противничката екипа за поразот со 14 разлика во Македонска Каменица, во првиот дел од првенството.

Треба да знаете
Последни објави