Search

Шведска ќе го повика рускиот амбасадор поради инцидентот над Балтичкото Море

Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го повика на разговор рускиот амбасадор за да објасни зошто претходно оваа недела руски борбен авион прелета на само 20 метри оддалеченост од шведски извиднички авион над Балтичкото Море.

Портпаролката на Министерството, Дијана Кудаиб, рекла дека Шведска смета дека ова е сериозен инцидент, наведувајќи дека рускиот Су-27 маневрирал некоректно и непрофесионално, на начин што ја загрозил безбедноста на летањето.

Инцидентот се случи во вторникот. Шведскиот авион „галфстрим“ бил во рутинска мисија на извидување кога покрај него на мала оддалеченост прелетал рускиот авион.

Шведската војска објави и фотографија од инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави