Search

Меј го одложи гласањето за договорот за брегзит

Британската премиерка Тереза Меј рече дека гласањето за договорот за брегзит во Парламентот ќе се одржи на 12 март, а не следната недела како што беше планирано.

Со ова таа се обидува да добие време за договор со Брисел за некои измени на договорот, а во рамки на преостанатото време до излезот на земјата од Европската Унија кој се приближува. Меј е сигурна дека до вторник ќе најде решение за брегзит.

Откако во јануари пратениците го отфрлија договорот за излез од ЕУ, Меј се обидува со Брисел да договори нова верзија на текстот кој би можел да добие поддршка од мнозинството, но до сега не успеа во тоа.

Меј в понеделник ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел, а британските преговарачи ќе се вратат во Брисел.

„Остваривме добар напредок, имавме конструктивни разговори со ЕУ и ќе продолжиме со работа така што ќе можеме да излеземе со договор до 29 март. Излезот од ЕУ на 29 март и понатаму е остварлив“, рекла таа.

Треба да знаете
Последни објави