Search

Девет лица загинаа во пожар кој зафати 200 бараки во Бангладеш

Најмалку девет лица загинаа, а неколкумина се повредени во пожар во сиромашна населба на југот на Бангладеш, објави локалната пожарникарска служба.

Пожарот избувнал во сиромашниот дел на градот Читагонг, додека жителите сѐ уште спиеле. Се проценува дека околу 200 бараки се зафатени од огнот.

Читагонг се наоѓа на 216 километри југоисточно од Дака, главниот град на Бангладеш.Пожарникарите го локализирале огнот, а причините за пожарот не се познати.

Треба да знаете
Последни објави