Search

(ВИДЕО) Жена во Ирак ја роди првата седумка на Блискиот Исток

Жена во Ирак ја роди првата седумка на Блискиот Исток. 25-годишната Ирачанка, чиј идентитет не се соопштува, како што јавува ,,Дејли мејл”, родила здрава седум бебиња.

Бебињата се родени во Дилаја во северен Ирак и ова е прва седумка која се раѓа на Блискиот Исток. Портпаролот на локалниот здравствен центар вели дека мајката се опоравува заедно со нејзините 6 ќерки и еден син. Тој додаде дека станува збор за ,,уште едно нормално породување во болницата во Ал Батоул.

,,Не планиравме да го шириме семејството, но сега имаме 10 деца”, вели таткото на новороденчињата Јусеф Фадл.

Првите седумки во светот во 1997 година ги доби брачен пар од Ајова. Тие, за разлика од овие од Ирак, се родија со вештачко оплодување. Првата седумка матурираше во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави