Search

Генијален трик за чистење чевли од превртена кожа за кој сè уште не сте слушнале!

Чизмите, штиклите и салонките од превртена кожа се класици кои не подлежат на трендови и веруваме дека секоја од вас има барем еден таков пар во шкафот со чевли.

Со оглед на тоа дека тие не излегуваат од мода, веруваме и дека сакате да ви траат што подолго, па затоа мора да знаете и правилно да ги исчистите. Водата во овој случај не доаѓа предвид, бидејќи така само побрзо ќе ги уништите.

Една Твитер корисничка открила многу лесна метода за чистење на омилениот пар чевли во вашето шкафче.

„Мицеларната вода ги отстрани сите дамки од моите штикли кои се направени од превртена кожа! Сите треба да го пробате ова“, наишала на социјалната мрежа Твитер и приложила фотографии како доказ, а нејзиното откритие го споделиле многу медиуми, за кои го објаснила и целиот процес со кој ги чисти чевлите.

Овој процес всушност воопшто не се разликува од начинот на кој ја користите мицералната вода на лицето и сè што ви треба е вата или нешто слично на што би можеле да ја нанесете и да почнете со чистење. Поедноставно навистина не може да биде!

Треба да знаете
Последни објави