Search

Принцот Филип одлучи да престане да вози

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, 97-годишниот принц Филип, одлучи да престане да вози, се наведува во соопштението на БЕкингамската палата.

Принцот ја донесе одлуката еден месец по сообраќајката во која беа повредени две жени.

Според наводите од палатата, принцот самоволно одлучил да престане да вози, по внимателно рзмислување.

Сопругот на британската кралица, на 17 јануари возеше џип „ленд ровер“ кога удри во друго возило. Една жена беше повредена, а принцот и деветмесечно бебе, кое исто така беше во другиот автомобил, оминаа без повреди.

Во писмото, кое го објави „Сандеј мирор“, принцот Филип упатил извинување до жената која беше повредена во инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави