Search

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 21 жртва

Бројот на жртвите при уривањето на зградата во Истанбул, што се случи во средата, се зголеми на 21 лице, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, јави агенцијата Анадолија.

Во изјавата за новинарите што ја даде на местото на несреќата, Сојлу истакна дека се смета оти под урнатините се наоѓале вкупно 35 лица, и оти сите се извлечени.

– Четиринаесет од 35-те лица се спасени од под урнатините, додаде тој, нагласувајќи дека оние кои се одговорни за оваа несреќа ќе одговараат пред законот.

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа вчера информираше дека 13 повредени се наоѓаат во болница, од кои две лица се во сериозна состојба, јави Анадолија.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, исто така, изрази сочувство за жртвите од уривањето на зградата.

– Има лекции што треба да ги научиме, изјави Ердоган за време на посетата на местото.

Седумкатницата во истанбулската населба Картал се урна во средата, поради сѐ уште непознати причини. Во мометот на уривањето во зградата имало 35 станари.

Треба да знаете
Последни објави