Гуадо ќе дозволи американска воена интервенција во Венецуела

Лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гуаидо рекол дека е подготвен да одобри американска воена интервенција. Тој нагласил дека тоа би го сторил за да претседателот Николас Мадуро биде отстранет од власта и да се стави крај на хуманитарната криза во земјата.

Тешката економска криза во Венецуела доведе до недостиг на храна и лекови. Според проценките на ОН, од 2015 година од Венецуела побегнале повеќе од 2 милиони луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој го призна Гуаидо за претседател, повтори дека испраќањето на американски трупи во Венецуела е опција, со оглед на политичката криза во таа земја.

Треба да знаете
Последни објави