Search

Австриски министер смета дека европските избори се шанса да се смени политиката за азил

Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл од екстремната десничарска Партија на слободата (ФПОе) се надева дека европските избори во мај ќе значат промена на курсот во политиката на ЕУ за азил.

-ЕУ изборите ќе бидат огромна шанса да се смени курсот на европско ниво, изјави Кикл за австриските медиуми.

Според него, бегалците треба полесно да се депортираат поради лесни прекршоци.

Изборите за Европскиот парламент, кои се сметаат за главен тест за способноста на главните партии во ЕУ да ги запрат популистичките сили што го зафаќаат континентот, треба да се одржат од 23 до 26 мај, потсетува ДПА.

Треба да знаете
Последни објави